П.К.Љуботен

Лешница- срцето на Шар Планина

Rate this item
(0 votes)
Дојде и тој ден, 29.07.2016, се прашуваш кога помина цела година? Од друга страна си велиш па ваљда нема да не фати толку лошо невреме како минатата година!!! И на крај потврдуваш со сите околу тебе со два збора, па за ЛЕШНИЦА вреди!!!! Благодарение на нашите предци во ПК Љуботен кои ја имаат започнато оваа традиција со организација на ваков слет, годинава се организираше 62 –от Илинденски слет на Лешница (срцето и душата на Шар Планина) по повод големиот празник Илинден!!!. Во минатите години овој слет бил посетуван дури и до 600 планинари од целата Југославија, си поставуваш таков предизвик и си викаш зошто и сега не би можеле да направиме такво нешто, но ништо не е невозможно!!! Според нашиот чичко „АЏЕ“ кој догодина има јубилејно присуство на овој слет од 60 пати, кажува дека сме на добар пат и со ваква организација тоа би можеле да го направиме!!! Замислите 600 луѓе под ведро небо полно со ѕвезди, музика, гитара па тоа би било „ЕДНО НЕШТО“! Да си се вратиме ние на тоа како ни беше годинава J ! Организацијата почна, групата која беше претходница, во четвртокот го исчисти теренот кој за жал од многу несовесни посетители секоја година се повеќе и повеќе се загадува. По завршувањето на работата, си велиш дали ќе успеам да преспијам и да дојде веќе петок за да си се пуштиме на Лешница и да го поставиме планинарскиот камп. И ете сме на пат за лешница 2 џипа, натоварени до таван и комбето на Муамед кој секоја година, без грешка не вози до таму, 26 луѓе пристигнавме во рајот на Шар Планина. За да имаме повеќе време за уживање за неполни 4 часа го поставиме целиот камп, и да не заборавиме за најважното, хехехе машкото и женското ВЦ!!! Епа луѓе тука започнува нашата приказна која за наша среќа траеше 1 ден повеќе од минатите години благодарение на продолжениот викенд и слободниот понеделник кој сите си го зедовме како неработен за да продолжено уживаме! Подалеку од градот и сите тие бучави од свирежи за свадбите кои се прават во овој период, во срцето на рајот си облекуваш јакна и потврдуваш дека ова е тоа! Добрата организација на сите присутни кои без збор знаеја што треба и како треба да се направи во секундата, но имаше и такви кои што се за првпат, епа кога си чирак до мајстор за да станеш ќе одиш по пиво до реката повеќе пати, како што беше нашиот Трпе односно Ангел кој мораше да не истрпи сите четири ноќи! Опааа, бидна и салатата е па време е да се започне со приказната, песните од народни, забавни, (странски па и наши) па се до техно и транс, сите ги испеавме до збор, па и камионот на Андруш го извозевме како што личи. А ѕвездите само се редат како бескрајни точки кои светат на небото, си викаш дека само тоа ни границата. Гледаш во небото и чекаш да видиш ѕвезда која паѓа, за жал во градовите тоа е невозможно но тука на Лешница ете ја првата, си замислуваш желба ова истово да го повториме и догодина и ете пак уште една ѕвезда па уште една и така гледаш како 100 ѕвезди паднааа за многу малку време и се радуваш дека ова истово ќе го повториме барем уште 50 пати во наредните 50 години. Веќе бидна 03:00 часот, време е да легнуваме, а и малку одмор да им се даде на сигурно преплашените животинки кои од нашата гласна музика, сигурно се скриени во нивните гнезда или дупки и едвај чекаат да си заминеме од нивната територија, но сепак се премногу коректни ниту еднаш не ни викнаа полиција заради гласната музика. Замислете иако слично, секоја вечер ни беше комплетно различна, единственото кое беше исто цело тоа време беше локацијата – Лешница, ах тој прекрасен мирис. За време на нашиот престој на Лешница, се организираше и еднодневната тура која за разлика од минатите години овој пат за да се види Лешница од сите страни турата беше организирана од Попова Шапка, преку горна Лешница, долна Лешница каде беше направена мала пауза пред да се посетат преубавите Кривошиски кади - по кратката пауза, убавото чајче и ладната лубеница која беше поделена на сите учесници кои беа околу 70 –ина, групата се упати кон с. Бозовце каде ги чекаше организираниот транспорт за да ги врати до Тетово. Предводник на групата беше кој ако не друг, нашиот претседател Јоце (Јован Божиновски), кој иако бурно ги следеше настаните на самата Лешница до раните утрински часови, без грам сон се упати кон Попова Шапка за да им го пренесе своето знаење на сите кои сакаат да ја видат убавината на Лешница. Да не ја заборавиме и втората група од камперите кои ги пречекаа планинарите на горна Лешница. А вечерта кога сите си заминаа и пак останавме само камперите, повторно мака, ајде луѓе салатата е готова................... и хоп ете биднало 04:00 време да се се угаси музиката за и небото да поспие малку!!! Понеделнички, слушаш звонат алармите од телефоните, но не за на работа тука за планинарски прошетки, едната група за Скакаличкото езеро и Сорупа а другата група за преубавиот Кривошиски водопад. По враќањето на групите назад во кампот можеш да слушнеш илјада верзии на тоа кому било од убаво до преубаво J. Па за нивните импресии можам да Ви пишувам уште 3 страни, но ќе ги оставам вие да се импресионирате сами. Последниот ден си го спакувавме кампот и се симнавме во Тетово со многу убави спомени и со желба другата година да бидеме побројни и уште поубаво да си поминеме!!! Довидување до следното видување дечки !!!!!
Со почит од организаторот
Владимир Златковски
Тетово 07.08.2016
Last modified on Среда, 12 Октомври 2016 20:04

Add new comment