П.К.Љуботен

Displaying items by tag: Љуботен
Вторник, 11 Октомври 2016 20:59

Брезовица

Викенд. Време за на планина. Како и секогаш, некаде на Шара. Според календарот на активности, овој пат се откриваа убавините на Шара од косовска страна, со почетна точка од местото Превалец, па се’ до македонска страна до село Теарце. Планинарскот дом „Љуботен“ овој пат гостуваше на планинарскиот дом Успон – Штрбце, првиот, најстар во Македонија, вториот најмлад планинарски клуб во Србија. 13 љубители на планините беа возбудени за "Видовдански поход 2016". Во селото Штрпце групата пристигна околу 13 часот во сабота 26-јуни, со организиран превоз после поминување на македонско-косовсата граница, па се упати кон скијачкиот центар Брезовица. Во планинарскиот дом, збирно место за двата клуба, не’ чекаше ручек и ракија. :) Ски-центарот и одморалиштето Брезовица се основани во 1954 година и според Википедија, прилично интересен факт, Брезовица има престижно минатото служејќи како алтернативна локација за спуст за настаните од Зимските олимписки игри во Сараево 1984. На жалост, Брезовица излгеда запуштено, иако потенцијалот е огромен. 5 часот наутро, недела 27-ми јуни, беше времето за будење, со оглед дека во 6 часот наутро од домчето во Брезовица со организиран превоз беше планирано да се оди до превојот Превалец (1560 м) од каде беше планирано упатување кон врвот Бистрица (2640м). Откога сите доручаа преубави кришки со мармалда и планински чај, сите беа спремни за предизвикот.Настана мала промена за панот, бидејќи наместо кон врвот Бистрица, групата реши да се упати кон ледничкото езеро „Големо езеро“ кое е највисокото ледничко езеро на Шар планина. Иако се вика големо, мора да признаеме дека сме биле на поголеми Со пропратни паузи за уживање во убавините и одмор на мускулите, групата стигна до замислената линија која ги дели Косово и Македонија, каде со прилично интересен избор на музика се поздравивме со планинарите од Штрпце и се упативме кон пределите од Шара на македонксата страна, се до Теарце (550м). Групата, сега помала, ги посети изворите на река Бистрица (2320м) и излетничкото место Три воде (1340м). Сите стилски изразни средства се недоволни да се опишат убавините Шара од двете страни на границата. Можеби и нашиот речник не е доволно голем, но кога ќе се исправиш пред планинаскиот масив Шара, едноставно секој збор е излишен.
И за крај, за оние што сакаат да знаат малку повеќе, планинарскиот клуб „Љуботен“ е доброволно, масовно, вонпартиско здружение на граѓани, посебно на младината и подмладокот, кое делува во правец на реализирање на определени цели и задачи од областа на планинарските спортови, спортската рекреација, екологијата, воспитувањето и планинскиот туризам. Воедно, планинарскиот клуб „Љуботен“ - Тетово е коститутивен дел од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија
Велимир Савески