П.К.Љуботен

Displaying items by tag: planinarenje
Понеделник, 08 Мај 2017 22:13

2 во 1, маркирање и уживање

Пролетнот дожд, не не спречи и оваа недела, да се упатиме кон нашата омилена дестинација - Шара прекрасната. Впрочем таа не само место за посета, таа е наш дом. Овој пат, на најубав можен начин, го споивме убавото и корисното. Убово се прошетавме а во едно и ја маркиравме стазата Белојште - Сенокос - Вратница. Преубава, лесна стаза, дури и за помалку кондиционо спремни вљубеници во природата. Повелете следете не.... Планина, пролет, сонце, дожд, насмеани драги лица, скара и по некоја чашка ладно пиво.......Па што ли човек може друго да посака??! Стазата маркирана, софрата изедена......Со еден збор идила....или што би рекла Маца #РадостиТон Слаѓана Јанкоска 08 мај 2015
Понеделник, 24 Април 2017 21:52

Волшебниот Белојшки водопад

Уште еден убав неделен ден.Го посетивме Белојшки водопад,насмевките беа доказ за убавата дружба. И старо и младо сите заедно тргнавме село Белојште кон прекрасниот водопад. Се движевме по планинарска патека проверена од наша екипа, и уживавме во прекрасниот пролетен ден. Сонцето срамежливо ѕиркаше зад облаците, ама затоа нашите мали сонценца Лука, Ева, Лина и Матеа зрачеа со позитивна енергија. По два и пол часа пешачење пристигнавме на карпата, висока 1300 м. А од спротива прекрасниот водопад како да се радуваше на нашето присуство, а ние водушевени од неговата убавина побрзавме да фатиме поубаво место и да уживаме во прекрасната природа, секој на свој начин. По малку подолгата пауза моравме да се вратиме назад,сите пресреќни и со насмевки тон тргнавме кон село Белојште.....Ама тука не застанавме......Уште еден прекрасен ден поминат на прекрасната Шара....Затоа и ја сакаме... Поздрав од организаторот П.К Љуботен (напишано од Игор Стојановски)

Имаше толку планинари на едно место, што свежото априлско утро зрачеше топлина. На членовите на организаторот ПК Љуботен му се придружија пријателите од ПК Јелак, ЗПЗП Козјак 2013 од Куманово, како и низа други љубители на планинарењето и природата, меѓу кои и три десетгодишни сонца, Стефан, Немања и Михајло.

Со возила се искачивме преку с. Боговиње до Ново Село, на надморска височина од  околу 1050m. Од тука, реки планинари почнаа да меандрат кон езерото. Добар дел, за прв пат тргнати да го видат и најголемиот Шарски ирис, кој се наоѓа на 1936m. Дисциплинирано, како што доликува на секој одговорен љубител на планината, долгата колона се искачи по живописна патека до езерото, кое како да сакаше наеднаш да ни се претстави во повеќе светла, дел одмрзнато, дел замрзнато и сé уште под снег. Спорадичните облачиња од утрото скоро целосно се повлекоа само што пристигнавме. Како сé да беше на наша страна за денот да биде за паметење... Под пладневното сонце се одморивме, со мезе, со освежување, со убав муабет со пријатели и нови познанства.

Денот сé уште не е многу долг, а имавме и гости надвор од Тетово, и после едночасовна пауза се упативме назад. За враќање, се движевме по инаква патека, раззеленета, пролетна, примамлива. Иако има мосте за да се премине рекичката, Слапска река, во близина на Ново Село, планинарите внесоа малку авантура во нејзиното поминување, со подавање раце, придржување, јажиња... дојде до израз една од основните вредности на планинарењето - сите си помагаме.

Во селото нé пречекаа мештаните и многу насмеани дечиња... се надеваме дека со нашите тури ќе ги инспирираме да ја сакаат и шетаат планината, а можеби и некое од нив ќе се угледа на нашите водичи и ќе им се придружи за да ја покажува нејзината убавина на други вљубеници.

Нé сакаше планината. А колку пак ние неа...

Напишала: Ивана Георгиевска

Вторник, 11 Октомври 2016 20:40

Магијата на Корабскиот водопад

На ден 05 06 2016 недела, петочлена екипа на ПК Љуботен се приклучи на акцијата на ПК Трансверзалец за посета на Корабскиот водопад. Тргнавме рано наутро, а екипата од Скопје ја чекавме во Маврово. Со свои возила продолживме до с.Рибница .Од тука започна нашето петчасовно пешачење со цел да ја почуствуваме магијата на Корабските водопади. Групата е голема и се развлекува. Ние се движиме по средина на колоната, по тесна но фино маркирана стаза. Газиме низ поточиња и рекички. На почетокот на селото е првата чешма, а до крајот на дестинација има уште две чешми со прекрасна планинска вода. Сонцето силно пече но повремените дрвја и шумички не разладуваат и ни даваат сила. Поминуваме покрај брезите и излегуваме на Попова ливада, после која влегуваме во густа букова шума. По интензивно одење, излегуваме веднаш под врвот Рибничака скала, а за скоро и на таканаречениот Видиковец, од каде се отвора прекарасен поглед кон водопадот и долината. По кратка пауза за сликање и позирање, нашата екипа го продолжи патот, решена да се соочи од блиску со водопадот, додека голем дел од останатите учесници останааа да се сончаат и узиваат во погледот кон долината. Колку повеќе се приближуваме, се повеќе ја чуствуваме неговата грандиозност и моќност. Корабскиот водопад е водопад на горниот тек на Длабока река и се јавува при крајот на месец мај и почеток на јуни, поради топењето на снегот на источната страна на врвот Мал кораб. Во текот на летото губи од својата јачина дури и целосно пресушува. Неговата највисока точка е на 2050 м.н.в. а најниската на 1952 м.н.в. Со своте стотина метри важи за највисок во Македонија па и на Балканот. Целата долина е во карпи, со повеќе помали водопади кои течат од Кобилино поле. Тука се изворите на р.Радика и ушете многу други маѓепства. Тука колку и да имаш време за уживање секогаш е малку. Но......мораше да се вратиме во реалноста, и да тргнеме назад. Ранците спакувани, сендвичите изедени....Видовме што видовме и понесовме барем парче од овој чудесен рај. Во меѓувреме заборавивме на сите згоди и незгоди со кои се соочувавме претходниот ден, додека се организиравме за настанотв. Коментарите беа единствени : Тука мора да се дојде повторно !!! А зошто да не ?!!Планинарската тура до Корабски водопади, да влезе во годишниот календар на активности на нашиот клуб. Планинарски поздрав....
Авторка: Слаѓана Јанкоска