Членство и услови за приклучување
Член на планинарскиот клуб „Љуботен“ може да биде секој кој доброволно пристапува и ги прифаќа целите и задачите на клубот. Во клубот можат да членуваат сите граѓани на Република Македонија, како и странски државјани.
Клубот брои околу шеесетина членови годишно, со континуирано учество на љубители на планинарството и активниот живот.
Членарина и бенефиции
Годишната членарина изнесува 1200 денари за возрасни, односно 600 денари за лица под 18 години.
Со плаќање на членарината, секој член добива:
- Лично осигурување
- Членство во Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)
- Попуст во планинарските домови на Попова Шапка и Љуботен
- Попуст во сите планинарски домови низ Македонија и Европа
Активности и учество на членовите
Членовите на клубот се собираат во просториите на клубот секој вторник и петок од 19:00 до 21:00 часот.
На состаноците активно учествуваат во:
- подготовка на настани и манифестации
- работа на проекти
- планирање на тековни активности
- развој на планинарскиот спорт
Клубот исто така има секции за подмладок во ОУ „А.С. Ќиќиш“ и СУЦ „Моша Пијаде“ во Тетово, каде се организираат посебни активности за младите членови.