20 и 21 февруари ги посветивме на планинарската и турно-ски акцијата на врвот Љуботен, по повод 100 години од првото скијање на Шар Планина.

Заедно со Комисијата за турно скијање при ФПСМ, одлучивме овој значаен јубилеј да го одбележиме токму од местото каде што во 1926 година започнало првото спуштање со скии од повисока точка.

Иако временските услови не беа на наша страна, со силен ветер уште од самото излегување од домот, решивме да тргнеме.

Првата екипа, планинарската тура, стартуваше порано и стигна до одредена висинска точка, но поради густата магла и силниот ветер, од безбедносни причини одлучи да не продолжи понатаму.

Втората група, турно-ски турата, тргна половина час подоцна. Некаде пред излезот на гребенот, времето се отвори. Со голема внимателност и тимски дух, успеаја да се искачат на врвот Љуботен и безбедно да се спуштат на скии до ПД „Љуботен“, со што симболично го одбележаа јубилејот.

Голема благодарност до НСПС - Национален Сојуз за Планинско Спасување и Ohrid Red Cross - Mountain Rescue Service, кои се грижеа за нашата безбедност и придонесоа учесниците да се чувствуваат сигурно во текот на целата акција.

Планината секогаш нè учи дека традицијата се продолжува со почит, тимска сила и скромност - и со луѓе што ја сакаат Шара.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Comment

Name

Email

Url