Инфо Центарот за Шар Планина е отворен во април 2022 година од Планинарскиот клуб „Љуботен“, со поддршка од DBU и Euronatur. Како прва точка на контакт за туристите и истражувачите, Центарот обезбедува проверени информации, логистичка поддршка и промоција на Шар Планина како едно од најзначајните природни богатства во земјата. Во мај 2022 година добивме и дополнителна поддршка од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), што овозможи проширување на активностите, јакнење на капацитетите и воспоставување подлабока соработка со институции, организации и локални чинители во регионот.


Мисија и улога

Нашата мисија е да создадеме отворен и функционален простор кој ги обединува сите засегнати страни – локалната заедница, планинарите, туристите, организациите и институциите – со цел заштита на природата и поттикнување на одржлив развој. Инфо Центарот игра клучна улога во координирањето на иницијативи поврзани со планинскиот туризам, подобрувањето на туристичката инфраструктура и создавањето нови можности за активности во рамките на Националниот парк. Со тоа активно придонесуваме кон развој на квалитетна, безбедна и одржлива туристичка понуда на Шар Планина.


🤝 Вмрежување

Активно поврзување на локални и регионални актери со цел создавање силна и функционална мрежа за развој на регионот.

📚 Едукација

Организирање на работилници, настани за подигање на јавната свест и промовирање на одговорно однесување во природата.

🧭 Координација

Дејствување како централна точка за активности, информации и поддршка, со цел подобра усогласеност меѓу сите чинители.

🌿 Заштита на природа

Промовирање одржлив развој, зачувување на природните екосистеми и поттикнување иницијативи што ги штитат вредностите на Шар Планина.


Поглед кон иднината

Остануваме посветени на континуирана поддршка на локалните капацитети и градење стабилни партнерства. Во иднина фокусот ќе биде насочен кон развој на програми за едукација, подигање на свеста за заштита на природата и подобрување на координацијата меѓу сите чинители кои работат на Шар Планина. Веруваме дека преку заеднички напори ќе продолжиме да создадавме модел на туризам кој ја зачувува природата, ја почитува локалната култура и го поттикнува економскиот развој на заедницата.

  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide