Планинарскиот Клуб „Љуботен“ ве кани на 71-виот традиционален Илинденски слет на Лешница 2026.



Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на ФПСМ – Федерацијата на планинарски спортови на Македонија за „Организација на големи традиционални планинарски акции“, Планинарскиот Клуб „Љуботен“ ги поканува сите планинарски друштва и клубови да земат учество на овој заеднички планинарски настан.



Сите заинтересирани друштва и клубови задолжително треба да се пријават преку формуларот за пријавување, со што ќе стекнат статус на учесници во организираната активност.



📝 ПРИЈАВУВАЊЕ


Формуларот за пријавување се наоѓа на копчето најдолу.



🗓️ ПРОГРАМА



  • 07:00 – Поаѓање со комби превоз пред просториите на Планинарски Клуб „Љуботен“ – Тетово кон Попова Шапка.

  • 07:30 – Тргнување од Попова Шапка кон Горна Лешница.

  • 09:30 – 10:00 – Поминување низ Горна Лешница.

  • 11:30 – Пристигнување на Лешница и краток одмор.

  • 12:00 – 13:30 – Факултативна посета на Кадите на Кривошијска Река.

  • 14:00 – Тргнување кон с. Бозовце.

  • 16:00 – Пристигнување во с. Бозовце и поаѓање со комби превоз кон Тетово.



ℹ️ ИНФОРМАЦИИ



  • Транспорт: Превозот ќе биде организиран од П.К. „Љуботен“ – Тетово. Секој учесник партиципира со 600 денари за повратен превоз со комби.

  • Пријавување: Секој учесник задолжително треба да го пополни формуларот за пријавување или да се пријави на официјалната e-mail адреса kontakt@pkljuboten.org.mk, најдоцна до 31.07.2026 година (петок) до 14:00 часот.

  • Поради забраната за движење во шумски појас, пријавувањето е ЗАДОЛЖИТЕЛНО.



🥾 ОПИС НА ПАТЕКАТА


Попова Шапка – Горна Лешница – Лешница – Бозовце


Обележана кружна тура која започнува од информативната табла поставена во центарот на Попова Шапка. Патеката поминува над Планинарскиот дом „Јелак“, продолжува до Церипашинско Бачило, а потоа преку седлото Плат се спушта кон Горна Лешница.


Погледите долж патеката ја прават една од најживописните на Шар Планина. По искачувањето до седлото Плат, во позадина остануваат Вардиште, Јелачки Црн Врв и Кобилица, додека пред вас се отвора прекрасен поглед кон Титов Врв, Средна Лешничка Карпа и Горнолешничкиот Водопад.


По спуштањето во Горна Лешница следува премин низ Горнолешничкиот Кањон, сместен помеѓу Плат (Прва Лешничка Карпа) и Средна Лешничка Карпа, по што се пристигнува на Лешница. Таму е предвидена едночасовна пауза и факултативна посета на Кадите на Кривошијска Река. Патеката потоа продолжува низ шумски предел покрај водоводот до село Бозовце.



📍 КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТУРАТА



  • Карактеристични точки: Попова Шапка (1.700 м) – Горна Лешница (1.780 м) – Лешница (1.450 м) – Бозовце (1.360 м)

  • Должина: 20 км

  • Времетраење: околу 7 часа

  • Тип на патека: Маркирана планинарска патека по пасишен терен и шума.

  • Вода: Достапна на повеќе места долж патеката.

  • Позитивна денивелација: 580 м

  • Најниска точка: 1.360 м

  • Највисока точка: 2.160 м

  • Тежина: Средна



🎒 ПОТРЕБНА ОПРЕМА



  • Најмалку 1,5 литри вода.

  • Лесна храна.

  • Разгазени планинарски обувки.

  • Опрема за движење во летни услови.

  • Капа, очила за сонце и заштитна крема.



⚠️ ВАЖНИ НАПОМЕНИ



  • Секој учесник треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција.

  • Индивидуалните учесници задолжително треба да се приклучат кон одредено планинарско друштво, клуб или организирано здружение.

  • Организаторот го задржува правото за измена на програмата во зависност од временските услови.

  • Планинарскиот Клуб „Љуботен“ не одговара за последиците кои би настанале надвор од оваа програма, како и за учесници кои немаат пополнето формулар за пријавување.



📞 КОНТАКТ



  • Славчо Мановски – 072 241 828

  • E-mail: kontakt@pkljuboten.org.mk



🤝 ПОДДРЖУВАЧ


Настанот е поддржан од Корал Foods.