Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово ве поканува на есенска планинарска тура до Караниколичките Езера, кои се наоѓаат на 2.180 мнв, на 18 октомври 2026 година.

Со цел да се обезбедат високо ниво на безбедност и добра организација, во согласност со препораките на ФПСМ – Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, пријавувањето е задолжително и се врши со пополнување на формуларот најдолу на страната.

Со пополнување на формуларот, учесниците стекнуваат статус на официјални учесници на организираниот настан.

ПРОГРАМА

Во 07:30 часот е предвидено поаѓање со организиран превоз пред просториите на Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово, кон село Вешала.

По пристигнувањето во село Вешала (1.250 мнв), започнува планинарската тура кон Караниколичките Езера. По пристигнувањето, предвидени се одмор и слободни активности.

Доколку временските услови и условите на теренот го дозволуваат тоа, а има заинтересирани и соодветно подготвени учесници, ќе постои можност за опционално искачување на врвот Караникола (2.409 мнв) и/или врвот Скарпа (2.469 мнв).

Околу 17:00 часот е предвидено враќање од село Вешала кон Тетово со организиран превоз.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПЛАНИНАРСКАТА ТУРА

  • Должина: 13 км до Караниколичките Езера / 15 км доколку се искачува врвот Караникола.
  • Висинска разлика: 1.009 м до Караниколичките Езера / 1.330 м до врвот Караникола.
  • Потребно време за искачување: 3,5–4 часа од село Вешала до Караниколичките Езера.
  • Вкупно времетраење: приближно 10–11 часа.
  • Тежина: умерено тешка до тешка планинарска тура (Т2/Т3).

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРЕВОЗ

Транспортот ќе биде организиран од ПК „Љуботен“ – Тетово. За покривање на транспортните трошоци, секој учесник учествува со 500 денари.

Пријавувањето е задолжително и може да се изврши најдоцна до 16.10.2026 година, до 12:00 часот.

Формулар за пријава: најдолу на оваа страна.

Водичи на планинарската тура:
Димитрија Ристевски
Јован Божиноски

Контакт за повеќе информации:
Димитрија: 077/525-616 (Viber)
Е-пошта: kontakt@pkljuboten.org.mk

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Исхраната е во сопствена организација на секој учесник и треба да биде соодветна за планинарска тура со времетраење од приближно 10–11 часа.
  • На околу еден час од село Вешала има чешма каде што може да се надополни водата за пиење.
  • Потребни се соодветна планинарска облека и опрема приспособени на есенските временски услови.
  • Секој учесник треба да биде во добра здравствена и психофизичка подготвеност.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени програмата или да го откаже настанот во зависност од условите.
  • Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово не презема одговорност за последиците што би настанале надвор од предвидената програма, како и за учесници кои немаат пополнето формулар за пријава.
  • Организаторот ќе ги пријави сите учесници за движење во Националниот парк.

Ве очекуваме на 18 октомври 2026 година да уживаме во есенските убавини на Шар Планина, планинарењето и дружбата во природа.

Се гледаме на планина! 😊