Искачување на Титов Врв – традиција што обединува

Традицијата е да се чува, но и да се споделува.

Со голема чест и благодарност, секоја година последниот викенд во мај ги пречекуваме нашите пријатели кои во 06:30 часот на Попова Шапка се подготвени да ја започнеме турата кон Титов Врв – без разлика на временските услови.


Заедно – од Македонија и пошироко

Оваа година, дел од оваа традиција беа речиси 350 планинарки и планинари – пријатели од Македонија, од Балканот и пошироко.

И покрај влажното, облачно и свежо време, атмосферата беше исполнета со топлина, ентузијазам и заедничка енергија.


Момент за паметење на врвот

На самиот врв нè пречекаа сончеви зраци и сино небо.

Низ маглата високо се развеа знамето:

„100 години ПК ‘Љуботен’“ – симбол на традиција, истрајност, пријателство и љубов кон планината.


43 години традиција

Со сите учесници ја продолживме традицијата на искачување на Титов Врв и годинава, по 43-ти пат, успешно и безбедно пристигнавме до кулата.

Заедничката фотографија направена на врвот останува како белег впишан во стогодишната историја на нашиот клуб.


Енергија што се чувствува по целата планина

Од Попова Шапка до Титов Врв, викендот беше исполнет со неопислива позитивна енергија – луѓе сплотени околу една заедничка цел.


Поддршка и покровителство

Настанот е дел од годишниот јубилеј на клубот и се реализираше со:

  • покровителство на Претседателката на Република Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска Давкова

  • генерален спонзор ТТК Банка

  • санитетски покровител ЛАОР Медикал

и како дел од годишниот календар на ФПСМ.


Традиција што продолжува

Им благодариме на сите планинарки и планинари кои беа дел од оваа тура и со кои заедно ја негуваме и продолжуваме традицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Comment

Name

Email

Url