Успешно е реализирана активноста „Обука на волонтери-ренџери во НП Шар Планина“, во рамките на проектот „Искористување на потенцијалот: Одржлив туризам во Националниот парк Шар Планина“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust - PONT
Со голема мотивација, ентузијазам и посветеност, 10 волонтери успешно ја завршија обуката, при што имаа можност да ги продлабочат своите знаења и да стекнат нови вештини преку интерактивни предавања и практична работа на различни теми поврзани со заштитата на природатa.
На денешниот завршен настан, на волонтерите им беше доделена соодветна опрема, по која ќе бидат препознатливи при нивниот ангажман на терен, а воедно им беа дадени и насоки за нивното идно делување и вклучување во активностите на паркот. 
Активноста се реализираше во соработка со Shar Mountain National Park, Shara Mountain Info Center и П.К. 'Љуботен' - Тетово
Ќе продолжиме и во иднина со организирање на вакви обуки, со цел дополнително зајакнување на капацитетите на паркот, подигнување на свеста за заштита на природата и создавање силна мрежа на обучени волонтери-ренџери кои активно ќе придонесуваат за зачувување, заштита и унапредување на Националниот парк Шар Планина.












