• Датум на настанот и локација

    30 - 31 мај 2026 год, Попова Шапка

  • Bреме на пристигнување во сместувачките капацитети

    12:00 – 18:00

  • Програма на настанот

    30 мај 2026 (сабота)
    - 12:00 – 13:00 часот – пријавување на друштвата/клубовите и организираните здруженија кај одговорните лица на П.К. „Љуботен“ и сместување на сите пријавени учесници во сместувачките капацитети на Попова Шапка
    - 13:00 – 18:00 часот – активности по дефинирана програма
    - 19:00 часот – свечено отворање на настанот во лобито на хотел „Арена Тетекс“ – Попова Шапка
    - 19:30 часот – состанок со координаторите на екипите на кои ќе бидат детално објаснети условите за искачување и доделување дипломи за учество
    - 20:00 – 23:00 часот – планинарско дружење и забава

    31 мај 2026 (недела) – ден на турата
    - 06:30 часот – поаѓање на колоната од пред платото на хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв, по „Вакуфска патека“
    - 11:00 часот – Пристигнување на Титов Врв
    - 12:00 часот – Тргнување на колоната од Титов Врв кон Попова Шапка
    - 16:00 часот – Пристигнување на Попова Шапка, послужување со планински чај, забава и штандови со локални производи
    - 17:00 часот – затворање на настанот

  • Карактеристики и опис на патеката

    - Должина на турата во правец: 12 км
    - Висинска разлика во искачување: 1047 м
    - Почетна точка: Попова Шапка 1700 мнв
    - Крајна точка: Титов Врв 2747 мнв
    - Времетраење на искачување до Титов Врв: околу 4 часа и 30 минути
    - Тежина на турата: средно-тешка тура

    Турата започнува во 6:30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“. Движењето се одвива по маркираната „Вакуфска патека“. На околу половина од трасата, на приближно 2000 метри надморска височина, се наоѓа извор со вода каде учесниците можат да се освежат и да ги дополнат своите резерви.

    Долж патеката ќе бидат поставени три безбедносни пунктови со присуство на медицински екипи.
    Информации за условите на терен ќе бидат објавени 5–10 дена пред самото искачување.

  • Потребна опрема

    За искачувањето потребно е соодветна планинарска опрема за во зимски услови.

    - Разгазени планинарски чевли (не се препорачува движење со патики)
    - Планинарски панталони
    - Навлечна јакна
    - Топла облека (чорапи, маици со долги и крати ракави, полар/софтшел)
    - Резервна облека
    - Кабаница
    - Ракавици и капа
    - Ранец
    - Штаки
    - Крема со заштитен фактор SPF

    Се препорачува да понесете сендвичи, јатки, овошје и чоколадо, како и најмалку 1 литар вода.

  • Дали турата поминува низ опасен терен?

    Теренот не бара технички вештини, а движењето ќе се одвива во организирана колона, во согласност со утврдената програма.

  • Дали турата е погодна за почетници и деца?

    Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција, без разлика дали се возрасни или деца. На неколку точки долж патеката ќе бидат поставени пунктови каде ќе има одговорни лица за турата од кои ќе може да побарате информација за остатокот од патеката се до врвот. Доколку процените дека не се чувствувате подготвени да продолжите, може да останете на некој од пунктовите и заедно со останатите учесници да се вратите назад на Попова Шапка.

  • Информации за пријавување

    Пријавувањето за индивидуалци, групи и клубови се врши преку формулар, кој може да го најдете на нашата интернет страна https://pkljuboten.org.mk/titov-vrv и на нашите социјални мрежи на Facebook и Instagram.

    Пријавувањето на друштвата/клубовите и организираните здруженија се врши со цел верификација за учество на 44-тото традиоционално искачување на Титов Врв и доделување дипломи за учество.

    Сите заинтересирани, да се пријават најдоцна до 26 мај 2026 год.

  • Дали има организиран превоз и обезбедено ноќевање?

    Превозот до Попова Шапка е во сопствена организација.

    ПК „Љуботен“ може да понуди организирано сместување, во следните капацитети на Попова Шапка по наведените цени:

    - Хотел „Арена Тетекс“ – 1800 ден (30 €) со вечера
    - Хотел „Резиденс“ – 2100 ден (35 €) со вечера
    - Хотел „Конак“ – 1000/1350 ден (17/24 €) со појадок
    - Хотел „Бора“ – 1200 ден (20 €) ноќевање

    *Со пријавување преку пријавниот формулар, може да изберете сместување и префериран хотел. Доколку капацитетот во тој хотел е исполнет, ќе бидете контактирани со цел да изберете некоја од останатите понуди за сместување.

  • Дали има обезбедено паркинг и дали е потребна дозвола за влез во Национален парк?

    Сите учесници кои ќе бидат сместени на Попова Шапка од сабота, ќе паркираат пред сместувачките капацитети или во нивна непосредна близина. Учесниците кои ќе дојдат на турата во недела, ќе можат да ги користат отворените паркинг простори кај хотел „Попова Шапка“.

    Влезот во Националниот парк „Шар Планина“ се наплаќа, при што цената зависи од видот на возилото и должината на престојот:

    * Дневен влез за мотор и автомобил – 150 ден.
    * Дневен влез за комбе и минибус до 20 седишта – 250 ден.
    * Дневен влез за автобус над 20 седишта – 450 ден.
    * Дневен надоместок за поставување шатор – 300 ден.
    * Дневен надоместок за поставување авокампер – 600 ден.

    Уплатата може да се изврши со испраќање порака на број 144-555 или со скенирање QR-код поставен на информативните табли на Попова Шапка (пример: А ТЕ5678ЕТ).