Планинарски Клуб „Љуботен“ – Тетово Ве поканува на 44-тото традиционално искачување на Титов Врв 2026, кое низ годините прерасна во препознатлив планинарски бренд во Република Македонија. Со вакви настани се гради традиција, се промовира здрав начин на живот, зачувување на природата и одржлив развој.

Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на ФПСМ – Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, ги покануваме сите планинарски друштва/клубови да земат учество на овој настан.
Сите заинтересирани друштва/клубови задолжително треба да се пријават преку формуларот за пријавување и изјава од координаторот, со што ќе стекнат статус на учесник во организираната активност.

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ

30 мај 2026 (сабота):
* 12:00 – 13:00 часот – прием на гости во хотелите на Попова Шапка
* 13:00 – 18:00 часот – активности по дефинирана програма
* 19:00 часот – свечено отворање во хотел „Арена Тетекс“
* 19:30 часот – состанок со координаторите и доделување дипломи
* 20:00 – 23:00 часот – планинарско дружење и забава

31 мај 2026 (недела):
* 06:30 часот – тргнување од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв (Вакуфска патека)
* 11:00 часот – пристигнување на Титов Врв
* 12:00 часот – тргнување назад кон Попова Шапка
* 16:00 часот – пристигнување, планинарски чај, забава и штандови со локални производи
* 17:00 часот – затворање на настанот

СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ
* Превозот до Попова Шапка е во сопствена организација
* Обезбедено сместување:
  • Хотел „Арена – Тетекс“ – 1800 ден (30 €) со вечера
  • Хотел „Резиденс“ – 2100 ден (35 €) со вечера
  • Хотел „Конак“ – 1000/1350 ден (17/24 €) со појадок
  • Хотел „Бора“ – 1200 ден (20 €) ноќевање
* Рок за пријавување: најдоцна до 26.05.2026

ПРИЈАВУВАЊЕ
* Пријавувањето се врши преку формулар (наведен подолу)
* Краен рок: 26.05.2026 до 19:00 часот
* Пријавувањето служи за верификација и добивање диплома за учество

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИСКАЧУВАЊЕТО
* Движењето се одвива организирано по Вакуфска патека
* GPS трака е обезбедена
* Координаторите задолжително присуствуваат на состанок
* Секој координатор е одговорен за својата група и обезбедува водичи
* Исхрана: сопствена (тура до 10 часа)
* Потребна е зимска планинарска опрема
* Учесниците мора да бидат во добра психофизичка кондиција
* Индивидуални учесници мора да се приклучат во клуб
* Организаторот може да ја измени програмата според временските услови

ПРЕПОРАКИ НА ФПСМ
Сите учесници треба да се придржуваат кон:
* Движење низ планина во зимски услови
* Препораки за опрема
* Безбедна посета на планини во зима
* Кодекс на честа на македонските планинари

НАДОМЕСТ ЗА ВЛЕЗ СО ВОЗИЛА
* Плаќање преку СМС на број 144-555
* Категории:
  • A – автомобил/мотор: 150 МКД
  • B – комбе/минибус: 250 МКД
  • C – автобус/тешко возило: 450 МКД
* Пример: A TE5678ET

КОНТАКТ
Игор Стојаноски – 078 380 508
Марија Стојановска –
e-mail: kontakt@pkljuboten.org.mk

НАПОМЕНА
* ПК „Љуботен“ не одговара за последици надвор од програмата
* Непријавени учесници не се дел од официјалната организација
* Учесниците се должни да ги почитуваат правилата и насоките

Ве очекуваме!


  • slide
  • slide