Со голема радост и роденденска енергија, вчера успешно ја реализравме турата по повод 101-годишнината на ПК „Љуботен“.
Вкупно 65 планинарки и планинари од повеќе градови, беа дел од ова прекрасно дружење. Колоната беше компактна, дисциплинирана и обединета од љубовта кон планината и роденденот на ПК „Љуботен“.
Патеката не водеше низ вистинска зимска бајка среде пролет – снежни предели, шуми и планински видици што оставаат без здив. И покрај условите на теренот, атмосферата беше одлична, исполнета со смеа, дружење и позитивна енергија.
На средината од стазата, постарите членови од ПК „Љуботен' ги почестија сите учесници со топол чај и мала, но од срце подготвена закуска, што внесе дополнителна топлина, сила и расположение за продолжување на турата.
Голема благодарност до сите учесници што беа дел од овој прекрасен ден и со своето присуство придонесоа роденденската тура да биде уште посебна.
Да ни се множат годините, успесите и ваквите незаборавни моменти во планина!