Она што нашите предци пред многу години го започнале, ние со прославата за 100 годишниот јубилеј, требаше да го овековечиме. Можеби нисе падна најтешката задача, но воедно и најубавата, да бидеме генерација која ќе ја прославува 100 годишнината на најстариот активенПланинарски клуб во Македонија - Планинарскиот клуб „Љуботен“!

Над 700 гости во домот на културата 'Иљо Антески Смок' во Тетово, беа сведоци на настан кој, според сите Ваши зборови, долго ќе сепамети.

Вашето присуство, присуството и покровителството на Претседателката на Република Македонија, г-ѓа Gordana Siljanovska Davkova игенералната поддршка на Министерот за Спорт на Република Македонија г-дин Борко Ристовски, за сите некогашни и сегашни членови наклубот беше најголемата награда и признание кое можевме да го добиеме.

Почитувани Ви благодариме на сите!

За Планинарскиот клуб 'Љуботен' поминаа само првите сто години, да се радуваме на следните!

Еден век, нека е за навек!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Comment

Name

Email

Url