Традицијата е да се чува, но и да се споделува.
Ние имаме бескрајна чест, да имаме толку драги пријатели, кои секоја година последниот викенд во мај, во 06:30 доаѓаат на Попова Шапка исе спремни да ја започнеме нашата тура кон Титов Врв, без разлика на временските услови.
Оваа година станува збор за речиси 350 такви пријатели. Од Македонија, од Балканот и пошироко.
Иако имавме влажно, облачно и свежо време, срцата ни беа исполнети со топлина, а на самиот врв не изненадија сончеви зраци и сино небо.
Таму, низ маглата високо се развеа нашето знаме - 100 години ПК 'Љуботен' – симбол на традиција, истрајност, пријателство и љубов конпланината.
Им благодариме на сите планинарки и планинари кои учествуваа на турата, со кои ја делиме традицијата на искачувања на Титов Врв и сокои годинава по 43ти пат успешно и безбедно пристигнавме до кулата и направивме заедничка фотографија - белег впишан во стогодишнатаисторија на нашиот клуб.
На Попова Шапка, па се до Титов Врв, викендов имаше неопислива позитивна енергија, на луѓе сплотени заедно за една иста заедничка цел.
Настанот беше дел од годишниот јубилеј на клубот, под покровителство на Претседателката на Р.Македонија, г-ѓа Гордана СиљановскаДавкова. Генерален спонзор на настанот е @ttk_banka, а санитетски покровител @laormedical и истиот е дел од годишниот календар на ФПСМ.