100 години Планинарски клуб „Љуботен“ – јубилеј за паметење

Она што нашите предци го започнале пред многу години, ние имавме чест и обврска да го овековечиме со прославата на 100-годишниот јубилеј.

Можеби ни припадна најтешката, но воедно и најубавата задача – да бидеме генерацијата која ќе ја одбележи стогодишнината на најстариот активен планинарски клуб во Македонија – Планинарскиот клуб „Љуботен“.


Настан што ќе се памети

Над 700 гости во Домот на културата „Иљо Антески Смок“ – Тетово беа сведоци на свеченост која, според вашите зборови, долго ќе се памети.

Настанот беше исполнет со емоции, гордост и заедничко славење на едно вековно постоење.


Поддршка и признание

Вашето присуство, како и:

  • покровителството на Претседателката на Република Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска Давкова

  • генералната поддршка од Министерот за спорт, г-дин Борко Ристовски

претставуваат огромна чест и најголемо признание за сите некогашни и сегашни членови на клубот.


Благодарност

Почитувани,

ви благодариме на сите што бевте дел од овој значаен момент.


Поглед кон иднината

За Планинарскиот клуб „Љуботен“ поминаа само првите сто години.

Со истата страст и посветеност, да се радуваме на следните!


Еден век, нека е за навек!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Comment

Name

Email

Url