Изминатиов период некако се поклопија работите. Во повеќе постови беше споменат Миодраг Николиќ Панта.
Кој го познаваше Панта знаеше дека тој е вљубеник во Шар Планина и фотографијата и долгогодишен член на ПК „Љуботен“.
Неговите фотографии се сведоци на едно време, кога Шара беше во полн сјај!
Познат беше по колор фотографиите на Шар Планина, во периодот на седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век.
Неговите фотографии, красеа голем број на канцеларии во Тетово, Скопје, Македонија па и низ цела Југославија. Дел од домовите во Тетово сеуште ги чуваат неговите фотографии, а еден од ѕидовите во канцеларијата на ПК „Љуботен“ е посветен на Панта со незаборавните песажи од Шар Планина.
Со овој пост, сакаме да се потсетиме на Миодраг Николиќ Панта и да се заблагодариме на неговото семејство, поточно на внуката Аница Николиќ, која ги донираше дијапозитивите со фотографиите направени на Шар Планина, на трајно чување во архивата на ПК „Љуботен“.
Ова национално богатство, дијапозитивите со пејсажите на Шар Планина ќе останат да сведочат за еден период и ќе им служат на следните генераци.
ПК „Љуботен“ се заблагодарува на Аница Николиќ и семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Comment

Name

Email

Url